Американската Агенција за храна и лекови го одобри лекот за слабеење „вегови“ во форма на таблета, објави неговиот производител „Ново нордиск“. Ова е прва ваква таблета одобрена од американските регулатори, што означува почеток на нова ера за лековите за слабеење.
„Таблетата што се зема еднаш дневно е практична опција во однос на инјекцијата, а ќе обезбеди еднакво губење на тежината како и инјекцијата“, соопшти данскиот фармацевтски гигант.
Други лекови како „оземпик“, кој исто така предизвикува губење на тежината, првенствено беа одобрени за третман на дијабетес тип 2.
Таблетата „вегови“ придонесе за просечно губење на тежината од 16,6% за време на испитувањата на „Ново нордиск“, соопшти компанијата.
„Една третина од околу 1.300 учесници доживеале губење на тежината од 20% или повеќе во истото испитување“, додаде компанијата.
Се очекува таблетата да се најде на пазарот во САД во почетокот на јануари.



