ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ 14.500 ПАРЧИЊА ПЕТАРДИ, ПИРОТЕХНИКА, НОЖЕВИ И МЕТАЛНИ БОКСИРАЧИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР 

    ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ 14.500 ПАРЧИЊА ПЕТАРДИ, ПИРОТЕХНИКА, НОЖЕВИ И МЕТАЛНИ БОКСИРАЧИ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР Поголемиот дел од пиротениката била затекната во продажан објект во Тетово во кој полицијата вршела контрола. (Фото: СВР Тетово)

    СВР Тетово и ОВР Гостивар  вчера заплениле 14.500 парчиња пиротехнички средства. Поголемиот дел од пиротениката била затекната во продажан објект во Тетово во кој полицијата вршела контрола.

    „На 23.12.2025 во 14:20 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А. З. (52) од Тетово. При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени 12.507 парчиња разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи“, велат од полицијата.

    Истиот ден, гостиварската полиција затекнала лице од Тетово кое освен петарди и друга пиротехника продавало и ножеви и метални боксирачи.

    „На 23.12.2025, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј. М. (64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ‘форд’ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2.053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи“, соопшти СВР Тетово.

    Од полицијата велат дека по целосно документирање, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 395 и член 396 од Кривичниот законик.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира