Швајцарската полиција идентификуваше уште 16 жртви на пожарот во Кран-Монтана во новогодишната ноќ, меѓу кои се и 14-годишно девојче од Швајцарија и двајца 15-годишници. Вкупно деветмина од нив имаат помалку од 18 години.
Полицијата кажа дека меѓу жртвите има државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Турција и Франција. Уште осум тела беа идентификувани вчера, со што нивниот број се зголеми на 24.
Швајцарските обвинители вчера соопштија дека отвориле кривична истрага за француските менаџери на барот „Ле Констеласион“ во Кран-Монтана, каде што загинаа најмалку 40 луѓе, а 119 се повредени. Жак (49) и Џесика Морети (40) се осомничени за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и за палеж од небрежност, соопшти обвинителството на кантонот Вале.
Се верува дека една од најголемите трагедии во историјата на Швајцарија била предизвикана од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот.



