ЛЕВИЧАРСКА ГРУПА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОЖАРОТ ВО БЕРЛИН ШТО ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА 45.000 ДОМАЌИНСТВА

    ЛЕВИЧАРСКА ГРУПА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОЖАРОТ ВО БЕРЛИН ШТО ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА 45.000 ДОМАЌИНСТВАЦелосното враќање на струјата ќе трае до 8 јануари (Фото: ДПА)

    Пожарот во југозападен Берлин, кој остави десетици илјади луѓе без електрична енергија, веројатно е резултат на напад на крајната левица, соопштија официјални лица.

    Компанијата за електрична енергија „Штромнец Берлин“ претходно соопшти дека целосното враќање на струјата би можело да трае до 8 јануари. Таа денеска соопшти дека напорите за враќање на електричната енергија се во тек, при што околу 35.000 домаќинства и 1.900 комерцијални субјекти сè уште се погодени.

    По нападот, локалните медиуми објавија писмо од крајнолевичарска активистичка организација наречена „Вулкангрупе“, која ја презеде одговорноста за инцидентот, велејќи дека нејзините дејствија биле насочени кон енергетската индустрија базирана на фосилни горива.

    „Писмото во кое се презема одговорноста е класифицирано како автентично од страна на безбедносните служби“, изјави Ирис Шпрангер, министерка за внатрешни работи на Берлин.

    Рано во саботата било забележано како горат неколку кабли на мост во близина на електрана во југозападен Берлин. Пожарот беше брзо изгаснат, но околу 45.000 домаќинства и 2.200 бизниси останаа без струја. Властите тогаш кажаа дека штетата ја предизвикале запаливи направи.

    Некои болници во меѓувреме добија струја, но некои школи ќе останат затворени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира