ВЕНЕЦУЕЛА ОБЈАВИ ДЕКА 100 ЛУЃЕ ЗАГИНАЛЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ УПАД ВО ЗЕМЈАТА

    ВЕНЕЦУЕЛА ОБЈАВИ ДЕКА 100 ЛУЃЕ ЗАГИНАЛЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ УПАД ВО ЗЕМЈАТАНовата привремена претседателка Делси Родригес прогласи една недела национална жалост (Фото: АП)

    Венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабељо изјави дека 100 луѓе загинале во американскиот упад во земјата, кога беа заробени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Војската претходно ги објави имињата на 23-цата нејзини припадници кои загинале, а Куба ја потврди смртта на 32-ца нејзини војници и разузнавачи.

    Кабељо кажа дека Флорес се здобила со повреда на главата, а Мадуро имал повреда на нога.

    Новата привремена претседателка Делси Родригес во вторникот прогласи една недела национална жалост.

    Државниот секретар Марко Рубио кажа дека САД имаат план во три чекори за Венецуела, кој предвидува стабилизација, закрепнување и транзиција на земјата, што ќе обезбеди и влегување на американските нафтени компании.

    Доналд Трамп се закани со натамошни воени операции доколку членовите на потесниот круг на Мадуро не соработуваат со неговите барања. Тој рече дека САД ќе преработат и продадат до 50 милиони барели венецуелска сурова нафта, додека американските сили продолжија да запленуваат танкери поврзани со Венецуела.

    „Сега постои процес каде што имаме огромна контрола и влијание врз она што тие привремени власти го прават и се способни да го прават. Очигледно, ова ќе биде процес на транзиција. На крајот, венецуелскиот народ ќе биде тој што ќе ја трансформира својата земја“, рече Рубио.

    Американските демократи кажаа дека се шокирани од планот, велејќи дека тој е рамен на крадење нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира