Венецуелската влада започна да ослободува политички затвореници, што го опиша како чин на добра волја. Шпанија потврди дека меѓу ослободените се и петмина нејзини државјани, вклучувајќи го познатиот активист Рокио Сан Мигел.
Ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела е едно од долгогодишните барања на САД. Шефот на Националното собрание Хорхе Родригес, кој е брат на привремената претседателка Делси Родригес, објави на државната телвизија дека ќе биде ослободен значаен број затвореници, без да ги прецизира нивните број и идентитет.
Се верува дека во венецуелските затвори се држат стотици политички затвореници. Хорхе Родригес изјави дека нивното ослободување е во интерес на националното единство и мирен соживот.
Иако беше клучна соработничка на соборениот претседател Николас Мадуро, Делси Родригес покажува волја за соработка со САД. Доналд Трамп кажа дека озлогласениот затвор „Ел Хелисоиде“, каде што се држат меѓу 50 и 80 политички противници и активисти, ќе биде затворен по падот на Мадуро.



