ОСУММИНА СКИЈАЧИ ЗАГИНАА ВО ЕДЕН ДЕН ВО ЛАВИНИ ВО АВСТРИСКИТЕ АЛПИ

    ОСУММИНА СКИЈАЧИ ЗАГИНАА ВО ЕДЕН ДЕН ВО ЛАВИНИ ВО АВСТРИСКИТЕ АЛПИЛавина погоди група од седуммина скијачи во областа Понгау близу Салцбург, при што загинаа четири лица (Фото: АП)

    Тројца чешки скијачи загинаа во лавина во централна Австрија, со што бројот на починати во австриските Алпи вчера порасна на осум. Лавините низ Алпите одземаат животи од минатата недела по обилните снежни врнежи.

    Последните жртви се тројца чешки скијачи, кои загинаа во покраината Штаерска откако целосно биле затрупани, објави полицијата.

    Итните служби успеаја да ги лоцираат жртвите. И покрај брзата реакција, тие се пронајдени мртви“, соопшти полицијата на округот Муртал.

    Порано во саботата, лавина погоди група од седуммина скијачи во областа Понгау близу Салцбург, при што загинаа четири лица. Уште еден скијач кој возел надвор од означените патеки загинал вчера во истата област во одделен инцидент.

    Во вторникот, 13-годишен Чех загина во австриското алпско одморалиште Бад Гаштајн, а минатиот викенд шестмина скијачи загинаа во лавини во француските Алпи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира