ФЕДЕРАЛНИТЕ АГЕНТИ ЗА ИМИГРАЦИЈА УБИЈА МАЖ ВО МИНЕАПОЛИС

    ФЕДЕРАЛНИТЕ АГЕНТИ ЗА ИМИГРАЦИЈА УБИЈА МАЖ ВО МИНЕАПОЛИСГувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека лицето било застрелано за време на репресијата на администрацијата на Трамп против имиграцијата, а полицијата кажа дека убиениот е на 37 години. (Фото: АП)

    Федералните агенти за имиграција на САД денеска застрелаа и убија маж во Минеаполис, поради што стотици демонстранти протестираа во градот кој веќе беше потресен од уште едно фатално засетрлување пред неколку недели. Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека агентите на граничната патрола пукале во одбрана кон маж кој им се приближил со пиштол и два шаржери. Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, изјави дека мажот е 37-годишен жител на градот за коо се верува дека е американски државјанин. Тој не го објави името на мажот, за кого рече дека бил законски сопственик на оружје без криминално досие.

    Деталите околу пукањето не беа веднаш јасни, но гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека лицето било застрелано за време на репресијата на администрацијата на Трамп против имиграцијата.

    Шефот на полицијата О’Хара, апелираше за смиреност, и од јавноста и од федералните органи за спроведување на законот. О’Хара рече дека единствената претходна интеракција на убиениот човек со органите за спроведување на законот, колку што тој знае, била за сообраќајни казни.

    „Веруваме дека тој е законски сопственик на оружје со дозвола за носење“, рече О’Хара. „Нашето барање денес е оние федерални агенции што работат во нашиот град да го сторат тоа со истата дисциплина, човечност и интегритет што ги бара ефикасното спроведување на законот во оваа земја“, рече шефот.Ги повикуваме сите да останат мирни. Свесни сме дека има многу гнев и многу прашања околу тоа што се случило, но ни требаат луѓе да останат мирни во областа“, рече О’Хара.

    Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, повика на итен прекин на операциите за спроведување на имиграциските закони на администрацијата на Трамп во државата.

    „Уште колку жители, уште колку Американци треба да умрат или да бидат тешко повредени за да заврши оваа операција?“, рече Фреј на прес-конференција.

    Новото убиство се случи еден ден откако над 10.000 луѓе излегоа на студените улици во знак на протест против присуството на 3.000 федерални агенти на кои Трамп им нареди да бидат испратени во државата.

    Дневните  протести се широко распространети поради застрелувањето на 37-годишната Рене Гуд на 7 јануари, која беше убиена кога агент за имиграција и царинска контрола пукаше во нејзиното возило. Инцидентот денеска се случил скоро 2 колометри од местото каде што беше застрелана Гуд.

    „Ова не е изолирано или случајно. Администрацијата на Трамп се обидува да нè натера да се покориме, наместо да нè заштити… Оваа администрација не може да продолжи да ги крши уставните права под маската на спроведување на имиграциските закони“, рече демократскиот сенатор Илхан Омар. „Агенцијата е надвор од контрола. Колку повеќе докази им требаат на моите републикански колеги во Минесота за да проговорат?“, рече демократскиот сенатор Анџи Крег.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира