Доналд Трамп изјави дека шоуто на полувремето на Супербоулот, чија ѕвезда беше порториканскиот пејач Бед Бани, беше „апсолутно ужасно“.
Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинес Окасио, имаше 14-минутен настап целосно на шпански јазик, кој личеше на љубовна посвета на неговото родно Порторико. Место политички изјави против владата на Трамп, Бед Бани промовираше американско единство во својот настап на најголемото спортско шоу на светот, што се одржа на стадионот во Санта Клара, Калифорнија.
Во финалето на сезоната на американскиот фудбал (НФЛ), Сиетл Суперхокс го победи Њу Ингланд Петриотс со 29:13 и ја освои втората титула.
„Шоуто на полувремето беше апсолутно ужасно, едно од најлошите во историјата. Немаше смисла, беше навреда за големината на Америка и не ги претставуваше нашите стандарди за успех, креативност или извонредност“, кажа Трамп.
Конзервативната група „Пресвртница“, која беше основана од убиениот активист Чарли Кирк, продуцираше алтернативен концерт на полувремето наречен „Сеамериканско шоу“, на кој настапија Кид Рок и други уметници блиски на републиканците. Концертот беше промовиран на Икс од соработниците на Трамп, како министерот за одбрана Пит Хегсет.
Бед Бани неодамна освои Греми за албум на годината и лани беше најслушаниот музичар на стриминг платформата Спотифај.



