Странка нападнала вработена во Управата за водење на матични книги во Битола, соопштија од СВР. Неофицијално дознаваме дека нападнатата била шефица на Матичното одделение во Битола.
Според полицискиот билтен, Џ.М.(33) од Битола, вработена во Управата вчера пријавила дека на работното место била физички нападната од Љ.С.(44) од село Могила.
Жената која ја нападнала била приведена во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



