ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ДА СЕ УКИНЕ РОАМИНГОТ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

    ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ДА СЕ УКИНЕ РОАМИНГОТ ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАНПреговорите за приклучување кон роаминг зоната на ЕУ ќе се водат билатерално со секоја земја (Фото: Гети)

    Европската комисија објави дека ќе побара одобрение од Европскиот совет за отворање преговори со шесте земји од Западен Балкан за укинување на роамингот за оние кои патуваат во земјите од ЕУ. Ова би се однесувало на Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

    Роаминг зоната на ЕУ им овозможува на корисниците да имаат пристап до интернет, да прават повици и да испраќаат пораки од нивните мобилни телефони без надомест додека патуваат во рамките на Европска Унија. Украина и Молдавија се приклучија на зоната на 1 јануари 2026.

    Сепак, Европската комисија вели дека патот до роаминг зоната би можел да биде долг, зашто секоја од земјите од Западен Балкан мора целосно да се усогласи со правилата за роаминг на ЕУ.

    „Преговорите за приклучување кон роаминг зоната на ЕУ ќе се водат билатерално со секоја земја“, кажа ЕК.

    За разлика од роаминг зоната на ЕУ, каде што дополнителните трошоци за патниците се укинуваат на четири месеци, роаминг зоната на Западен Балкан поставува ограничување од 18 евра по гигабајт за користење на интернет. Некои оператори во Европската Унија и Западен Балкан се согласија да ги намалат тарифите за патниците помеѓу двете области, но овие аранжмани остануваат доброволни, необврзувачки и ограничени на мал број оператори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира