ТРАМП ЈА СМЕНИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНА БЕЗБЕДНОСТ КРИСТИ НОЕМ

    ТРАМП ЈА СМЕНИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ВНАТРЕШНА БЕЗБЕДНОСТ КРИСТИ НОЕМНоем е првата членка на владата која заминува за време на вториот мандат на Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја смени министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и кажа дека на нејзиното место ќе го номинира гувернерот на Оклахома, Марквејн Малин. Трамп најави дека ќе ја назначи Ноем за „специјална пратеничка за штитот на Америка“, нова безбедносна иницијатива за која рече дека ќе се фокусира на западната хемисфера.

    Ноем е првата членка на владата која заминува за време на вториот мандат на Трамп. Таа се соочи со силни критики додека ја надгледуваше имиграциската репресија на Трамп, особено по убиството на двајца демонстранти во Минеаполис од страна на службеници за спроведување на имиграциските закони. Поранешната гувернерка на Јужна Дакота беше критикувана и за начинот на кој нејзиниот оддел потроши милијарди долари доделени од Конгресот.

    Нејзината смена успеди два дена откако беше жестоко критикувана од членовите на Републиканската партија и од демократите на сослушувањето во Конгресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира