ПОД КОНТРОЛА Е СТАВЕН ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ БОСИЛОВО, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛИ ОТИ НАМЕРНО СЕ ПАЛИ

    ПОД КОНТРОЛА Е СТАВЕН ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ БОСИЛОВО, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕЛИ ОТИ НАМЕРНО СЕ ПАЛИНа депонијата кај Босилово се депонира комуналниот отпад од домаќинствата на Општина Босилово каде преку комуналното се врши организирано собирање. (Фото: СДК.МК)

    Еко активисти и жители на струмичкиот регион реагираат на честото палење и чадот кој излегува од опожарената депонија во непосредена близина на општинскиот центар Босилово. Веќе неколку дена чади депонија на која секојдневно интервенираа струмичките пожарникари. Се претпоставува дека намерно се пали депонијата од неколку хектари бидејки на едно место ќе се изгасне, а после неколку часа пожар ќе се појави на друга локација од оградената депонија што се наоѓа меѓу селата Босилово и Радово.

    „ Мора да се најде решение. Веќе цела недела страшно мириса од тоа што гори таму. Итно да се најдат контролори кои ќе ја чуваат депонијата од несовесни граѓани кои ја потпалуваат депонијата. Таму веќе има цели ридови од отпад. Ќе мора да се превземе нешто оти вака само се гушиме“, реагираат жителите од Босилово.

    Станува збор за нестандардна депонија каде се депонира комуналниот отпад од домаќинствата на Општина Босилово каде преку комуналното се врши организирано собирање. Се наоѓа на локалитетот Босилово Радово и често таму влегуваат собирачи на железо, пластика.

    „Веќе неколку дена се пали депонијата во Босилово и тоа постојано на различни локации. Мислам дека сето тоа е намерно затоС што пожарот започнува нон стоп на нова локација на депонијата. Информирани се МВР и инспекциските служби“, изјави градоначалникот на Босилово Ристо Манчев.

    Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица соопштија дека на депонијата во Босилово интервенирале во повеќе наврати. Вчера повеќе од 12 часа гаснеле бидејки на секое заминување повторно добивале повик.

    „Исфрлени се околу 60 тони вода но гаснењето на пожари на вакви локации е доста комплицирано поради специфичноста на депонијата и натрупаниот отпад“, соопштија од ТППЕ Струмица.

    Во моментов пожарот е изгаснат и таму вработени на комуналното „Огражде“ од Босилово патролираат и дежураат со цел да се изгаснат и последните жаришта и да се спречат нови пожари на депонијата.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира