КАФЕАНЏИИТЕ НА ЛЕНИНОВА НЕ САКААТ ДА ГИ ОТСТРАНАТ ДИВИТЕ СТАКЛЕНИЦИ НА ТРОТОАРИТЕ, А ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ЈА РЕНОВИРА УЛИЦАТА

    КАФЕАНЏИИТЕ НА ЛЕНИНОВА НЕ САКААТ ДА ГИ ОТСТРАНАТ ДИВИТЕ СТАКЛЕНИЦИ НА ТРОТОАРИТЕ, А ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ЈА РЕНОВИРА УЛИЦАТАОд Општината веќе испратиле известување до сопствениците на кафулињата кои со стакло ги заградија тротоарите и ги претворија во објекти да ги отстранат, за да може да се работи на улицата. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар ќе ја реновира скопската улица Ленинова на потегот од булеварот Партизански одреди до Илинденска. Од Општината веќе испратиле известување до сопствениците на кафулињата кои со стакло ги заградија тротоарите и ги претворија во објекти да ги отстранат, за да може да се работи на улицата.

    Дел од кафеанџиите почнаа да се уриваат, но дел одбиваат да ги отстранат објектите. Им рекле на инспекторите од Општината дека имаат вложено пари за нивна изградба. Општинарите им објасниле дека проектот предвидува поставување атмосферска канализација, реновирање на тротоарите како во првиот дел на Ленинова и ако поставиле само маси и столици на тротоарите кои се јавна површина, ќе немаат никаква штета.

    „Доколку кафеанџиите не ги отстранат сами, Општината ќе пристапи кон нивно уривање, за да може да почне да се работи на улицата“, велат од Инспекторатот на Општина Центар.

    Општина Центар во август 2023 заврши со реконструкција на улицата Ленинова на потегот од булевар Партизански одреди до Клуб на пратеници во Скопје. Со реконструкцијата се изведени џебови за паралелно паркирање на колите на станарите исто како на улицата Орце Николов, и со тоа тротоарите се ослободија за движење на пешаци, а има и велосипедска патека.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира