АМЕРИКАНСКИ БОРБЕН АВИОН СОБОРЕН НАД ИРАН, СЕ ТРАГА ПО ПИЛОТОТ

    АМЕРИКАНСКИ БОРБЕН АВИОН СОБОРЕН НАД ИРАН, СЕ ТРАГА ПО ПИЛОТОТОва е прв ваков потврден инцидент од почетокот на војната (Фото: воздухопловни сили на САД)

    Американски борбен авион „Ф-15Е“ е соборен над Иран и во тек се потрагата и спасувачката акција по преживеани, изјави американски функционер за „Ројтерс“, што е прв ваков потврден инцидент од почетокот на војната пред шест недели. Тој не даде други детали.

    Иранската револуционерна гарда претходно објави дека соборила авион над островот Кешм во Ормускиот Теснец и дека американските воздухопловни сили го бараат пилотот со авиони, хеликоптери и извидувачки дронови.

    Иранската државна телевизија објави дека е понудена посебна награда за фаќањето на пилотот.

    Иранските сили претходно имаат погодено „Ф-35“, по што успеал безбедно да слета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира