КУСТОСОТ АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА

    КУСТОСОТ АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈАРистевски доаѓа од Националната галерија на Македонија во која работи над 16 години, како кустос-етнолог. (Фото: Фејсбук)

    Од 1 април, Александар Ристевски е нов директор на Музејот на Македонија, соопшти националната установа. Ристевски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Пано Серафимов, кој e од редот на вработените.

    Ристевски е избран на конкурсот кој го распиша Министерството за култура и туризам во февруари. Тој доаѓа од Националната галерија на Македонија во која работи над 16 години, како кустос-етнолог во Одделението за депо и документација, а претходно како соработник во Одделението за дизајн и маркетинг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира