ИЗДАДЕНА ПОШТЕНСКА МАРКА ЗА 50-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА КИНОТЕКАТА

    ИЗДАДЕНА ПОШТЕНСКА МАРКА ЗА 50-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА КИНОТЕКАТАПоштенската марка беше промовирана на вчерашната свеченост во Кинотеката. (Фото: Кинотека на РСМ)

    Македонска „Пошта“ издаде нова поштенска марка за јубилејот 50 години од постоењето на Кинотеката на Македонија. Дизајнот е на Лазе Трипков.

    Директорот на Кинотеката Бошко Грујоски на промоцијата рече дека издавањето на поштенска марка за јубилејот претставува значаен културен настан и симболично признание за институцијата која веќе половина век има клучна улога во зачувувањето, истражувањето и промоцијата на македонското филмско наследство.

    Мисијата на Кинотеката на Македонија, рече Грујоски, е да ги зачува филмските материјали, да ги реставрира и дигитализира, но и да ги направи достапни за јавноста, истражувачите и љубителите на филмот.

    „Поштенската марка, иако мала по својата форма, има големо симболично значење. Таа е еден од најпрепознатливите начини на кои една држава ги одбележува важните личности, институции и настани од својата историја и култура. Преку неа се испраќа порака за вредностите што едно општество ги почитува и ги смета за значајни. Со издавањето на оваа марка се изразува благодарност и почит кон работата на Кинотеката на Македонија и кон сите професионалци кои низ годините придонеле за нејзиниот развој. Марката посветена на 50-годишнината од Кинотеката на Македонија ќе биде своевиден културен амбасадор кој ќе ја претставува македонската филмска традиција и институционалната грижа за нејзиното зачувување“, рече Грујоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира