САД ЈА ИМААТ НАЈДОБРАТА И НАЈСЛАТКА НАФТА НА СВЕТОТ И ОГРОМЕН БРОЈ ТАНКЕРИ ДОАЃА ПО НЕА, КАЖА ТРАМП

    САД ЈА ИМААТ НАЈДОБРАТА И НАЈСЛАТКА НАФТА НА СВЕТОТ И ОГРОМЕН БРОЈ ТАНКЕРИ ДОАЃА ПО НЕА, КАЖА ТРАМПИран засега не го исполнил барањето на Трамп да го отвори Ормускиот Теснец (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека огромен број целосно празни танкери се движат кон САД за да соберат нафта и гас. Тој кажа дека САД ја имаат најдобрата и најслатка нафта на светот.

    Огромен број целосно празни танкери, некои од најголемите во светот, токму сега се упатуваат кон САД за да се натоварат со најдобрите и најслатки нафта и гас на светот. Имаме повеќе нафта од следните две најголеми нафтени економии заедно – и со повисок квалитет“, рече Трамп.

    Глобалните цени на нафтата варираа за време на војната во Иран. Во почетокот на оваа недела стигнаа до 111 долари за барел, пред да паднат за 15%, на 92 долари, откако САД и Иран се согласија на условно двонеделно примирје. Пред да почне војната, барел сурова нафта чинеше околу 70 долари.

    Затворањето на Ормускиот Теснец за најголемиот број бродови доведе до пораст на цените на енергенсите и храната. Една од најважните светски маршрути за извоз на нафта и гас остана затворена и по прогласувањето на прекинот на огнот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира