МИЦКОСКИ ИМА ЧУВСТВО ДЕКА ЌЕ БИДАТ ГОНЕТИ ПОРАНЕШНИ ПРЕМИЕРИ НА СДСМ И НИВНИ БЛИСКИ РОДНИНИ

    МИЦКОСКИ ИМА ЧУВСТВО ДЕКА ЌЕ БИДАТ ГОНЕТИ ПОРАНЕШНИ ПРЕМИЕРИ НА СДСМ И НИВНИ БЛИСКИ РОДНИНИМицкоски вели дека станува збор за чувство, а не за информација. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува набргу да започнат судски процеси против поранешни високи функционери од претходната власт предводена од СДСМ. На настанот по повод промоцијата на новиот возен парк на „Пошта“, Мицкоски кажа дека има чувство оти истрагите ќе опфатат поранешни претседатели на влада и нивни блиски членови на семејствата.

    „Имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејствата, ќе бидат опфатени во одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

    Од СДСМ веднаш реагираа со став дека премиерот ги злоупотребува институциите за да ја скрие сопствената инволвираност во сомнителни процеси. Според опозициската партија, Мицкоски веќе ги поставил своите кадри на клучните позиции во судството и обвинителството и сега се обидува да ги прикрие меѓународните истраги за криминал и корупција што се водат против него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира