Евакуирани се сите патници од крузерот „Хондиус“, на кој се прошири хантавирус за време на крстосувањето, при што властите потврдија уште три позитивни случаи. Бродот замина од Тенерифе за Холандија, откако се симнаа последните патници и некои членови на екипажот.
Тројца патници починаа, од кои кај двајца е потврден хантавирус, Според Светската здравствена организавија (СЗО), потврдени се седум случаи на зараза поврзани со бродот и има уште два можни.
Французинка која имала позитивен тест по евакуирањето од крузерот пријавила симптоми кај лекарите на бродот, но ѝ било кажано дека веројатно станува збор за анксиозност, кажа шпанскиот министер за здравство Хавиер Падиља Берналдес. Таа имала симптоми на грип и немала треска, но сега се наоѓа во критична состојба во болница во Париз.
Дваесет и шест членови на екипажот и двајца здравствени работници останаа на бродот, кој патува кон Ротердам, каде што ќе биде дезинфициран. Во рок од 48 часа, од бродот беа евакуирани 120 луѓе од 23 држави. СЗО препорача 42 дена изолација за сите кои беа на бродот и нагласи дека ризикот од поголемо ширење на вирусот е многу мал.
Постар Холанѓанец беше првиот патник кој починал на бродот на 11 април. Тој претходно развил симптоми и се верува дека бил првиот заразен во епидемијата, но починал пред да може да се тестира. Неговата сопруга го напуштила бродот на 24 април на островот Света Елена и отпатувала за Јужна Африка, каде што починала два дена подоцна.
Германска државјанка починала на бродот на 2 мај.



