НЕ БИ ИМ СОВЕТУВАЛ НА МОИТЕ ДЕЦА ДА УЧАТ И ЖИВЕАТ ВО АМЕРИКА, КАЖА МЕРЦ

    НЕ БИ ИМ СОВЕТУВАЛ НА МОИТЕ ДЕЦА ДА УЧАТ И ЖИВЕАТ ВО АМЕРИКА, КАЖА МЕРЦМерц ги повика Германците да бидат поомистични околу потенцијалот на својата земја (Фото: ДПА)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не би им советувал на своите деца да живеат или студираат во САД во моментов, наведувајќи дека општествената клима брзо се менува и има ограничени можности дури и за високообразованите.

    Мерц ги повика Германците да бидат поомистични околу потенцијалот на својата земја.

    Цврсто верувам дека има малку земји во светот кои нудат толку одлични можности, особено за младите луѓе, како Германија. Денес не би им препорачал на моите деца да одат во САД, да се образуваат таму и да работат, едноставно поради општествената клима што се развила таму. И најдобро образованите луѓе во Америка денес имаат големи тешкотии да најдат работа“, рече Мерц, кој е татко на три деца.

    Тој додаде дека е голем обожавател на Америка, но дека неговото восхитување во моментов не расте.

    Овие забелешки ги истакнуваат тензиите помеѓу САД и нивните европски сојузници, кои спорат околу трговијата и војните во Украина и Иран. Мерц минатиот месец кажа дека САД се понижени во војната со Иран, по што Доналд Трамп најави повлекување на дел од американските војници стационирани во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира