Владимир Путин ќе биде во официјална посета на Кина на 19 и 20, потврди Кремљ, само неколку дена откако Шји Џинпинг го нагости Доналд Трамп. Патувањето на рускиот претседател со совпаѓа со 25-годишнината на Договорот за добрососедство и пријателска соработка помеѓу Русија и Кина, кој служи како основа за односите помеѓу двете земји.
„Путин и Шји ќе разговараат за актуелни билатерални прашања и начини за понатамошно зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка помеѓу Руската Федерација и Народната Република Кина и ќе разменат мислења за клучни меѓународни и регионални прашања“, соопшти Кремљ.
Путин последен пат ја посети Кина во 2025, кога потпиша неколку договори со Шји, што ги зајакнаа економските врски во области како што се енергетика и технологија. Кина е најголемиот трговски партнер на Русија, која го префрли својот економски фокус кон Азија по западните санкции поради целосната инвазија врз Украина.



