РАКЕТНИОТ ШТИТ НА ТРАМП ЌЕ ЧИНИ 1,2 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ И МОЖЕБИ НЕМА ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ЕФИКАСЕН, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ

    РАКЕТНИОТ ШТИТ НА ТРАМП ЌЕ ЧИНИ 1,2 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ И МОЖЕБИ НЕМА ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ЕФИКАСЕН, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈТрамп првично процени дека системот ќе чини 175 милијарди долари (Фото: АП)

    Футуристичкиот систем за ракетна одбрана „Златна купола“ на Доналд Трамп ќе чини околу 1,2 трилиони долари за развој, распоредување и работа во текот на две децении, проценува непартиската Канцеларија за буџет на американскиот Конгрес. Оваа бројка е значително повисока од почетната сума од 175 милијарди долари што беше наменета.

    Системот дизајниран да ги заштити САД од балистички и крстосувачки ракети можеби и нема да функционира како што се посакува. Новиот извештај на Канцеларијата за буџет предупреди дека „Златната купола“ може да биде ранлива на целосен напад од Русија или Кина.

    Само трошоците за набавка би биле над еден трилион долари, вклучително за повеќеслојните пресретнувачи и за системот за предупредување и следење на ракети во вселената, се вели во новиот извештај.

    Само неколку дена по враќањето во Белата куќа во јануари, Трамп ги откри плановите за системот, наменет за справување со воздушните закани од „следната генерација“. Минатата година тој рече дека програмата ќе бара почетна инвестиција од 25 милијарди долари, со вкупен трошок од 175 милијарди долари со текот на времето.

    „Таканаречената ‘Златна купола‘ на претседателот не е ништо повеќе од масивно давање пари на компаниите-изведувачи, пари на американските работници“, кажа демократскиот сенатор Џеф Меркли, кој ја побара проценката.

    Официјалните лица предупредија дека постојните системи не се во чекор со сè пософистицираните оружја што ги поседуваат потенцијалните противници.

    „И покрај проектираните трошоци за ‘Златната купола‘, системот би можел да биде преплавен при целосен напад извршен од рамноправен или блиску до рамноправен противник“, соопшти Канцеларијата за буџет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира