Осум луѓе се повредени откако автомобил влета меѓу пешаци во италијанскиот град Модена. Локалните медиуми објавија дека на една жена ѝ се згмечени двете нозе.
Возачот, кој е во 30-ти години, бил бркан и фатен од минувачи, кои го предале на полицијата.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го опиша инцидентот како крајно сериозен, а градоначалникот на Модена, Масимо Мецети, рече дека ќе биде уште посериозен ако бил планиран напад. Тој додаде дека откако автомобилот запрел, возачот извадил нож и полесно повредил еден минувач кој сакал да го сопре.
Инцидентот се случи во центарот на северниот италијански град. Еден очевидец кажа дека автомобилот се движел многу брзо.
„Го видовме автомобилот како се приближува. Нагло забрза и можеби одеше 100 километри на час. Видовме луѓе како летаат“, рече тој.



