Најмалку 100 луѓе починале од ебола во Демократската Република Конго и има речиси 400 сомнителни случаи, објавија Африканските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација го прогласи ширењето за меѓународна вонредна состојба.
„Потенцијално би можело да се работи за многу поголема епидемија од она што моментално се открива и пријавува, со значителен ризик од локално и регионално ширење“, кажа СЗО.
Најмалку шестмина Американци биле изложени на вирусот на ебола во ДР Конго, објави „Си-Би-Ес њуз“. Се верува дека еден од нив има симптоми.
Сегашниот сој на ебола е предизвикан од вирусот бундибугјо, за кој нема одобрени лекови или вакцини. И во Уганда е потврден еден смртен случај.
Повеќе од 28.600 луѓе беа заразени со ебола за време на епидемијата од 2014 до 2016 година во Западна Африка. Болеста се прошири во голем број земји надвор од овој регион, вклучувајќи ги Гвинеја, Сиера Леоне, САД, Велика Британија и Италија, при што починаа 11.325 луѓе.



