СЀ ШТО ИМАМЕ Е ОД ДОНАЦИИ, ВЕЛАТ ТЕТОВСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ И БАРААТ ДРЖАВАТА ПОВЕЌЕ ДА ИНВЕСТИРА ВО ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА

    СЀ ШТО ИМАМЕ Е ОД ДОНАЦИИ, ВЕЛАТ ТЕТОВСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ И БАРААТ ДРЖАВАТА ПОВЕЌЕ ДА ИНВЕСТИРА ВО ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМАНа платото од Градскиот плоштад беше изложена опремата за справување со пожари, спасување при поплави и сообраќајни несреќи, противпожарни камиони како и специјалните скали за справување со пожари во висококатници. (Фото: СДК.МК)

    Со презентација на опремата и возниот парк, тетовските пожарникари го одбележаа Денот на пожарникарите. На платото од Градскиот плоштад во Тетово беше изложена опремата за справување со пожари, спасување при поплави и сообраќајни несреќи, противпожарни камиони како и специјалните скали за справување со пожари во висококатници.

    Тетовските пожарникари велат дека сега, за разлика од пред неколку години, нивната противпожарна единица е далеку подобро опремена но, и понатаму има простор за нејзино доопремување како во опрема и возила така и во персонал.

    „Тетовската противпожарна единица сега брои 77 пожарникари кои се вработени со решение, а имаме и 17 пожарникари со договор за дело. Но, и ова не е доволно, ни недостасуваат барем уште 30 пожарникари бидејќи Општина Тетово и околните Општини зафаќаат голема територија. Неодамна отворивме противпожарен пункт во село Теарце, наскоро ќе се отвори и во село Боговиње со што ќе имаме многу подобрена покриеност на теренот. Што се однесува до опремата и возниот парк, состојбата ни е многу подобрена во однос на минатите години но, тука сакам да апелирам до државата повеќе да мисли за пожарникарите. Последната опрема што сме ја добиле од државата е во 2009. Сето ова што сега го гледате изложено на Плоштадот од добиено од странски донации“, изјави Авни Амети, командир на Противпожарната бригада од Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира