40 ГОДИНИ ПОСЛЕ КРИСТО, УМЕТНИКОТ ЏЕЈ-АР ГО ОБВИТКА ПАРИСКИОТ МОСТ ПОН НЕФ

    40 ГОДИНИ ПОСЛЕ КРИСТО, УМЕТНИКОТ ЏЕЈ-АР ГО ОБВИТКА ПАРИСКИОТ МОСТ ПОН НЕФИнсталацијата е долга 120 метри, широка 20 метри и достигнува максимална височина од 18 метри, а ќе биде отворена на 6 јуни. (Фото: ДПА)

    Мостот Пон Неф на реката Сена доби нов изглед, 40 години откако уметникот Кристо за првпат го обвитка со ткаенина најстариот мост во Париз. Францускиот фотограф и уметник Џеј-Ар создаде спектакуларно дело насловено „Пештерата на Пон Неф“ (La Caverne du Pont Neuf) , кое го претвора мостот во пештера низ која посетителите можат да поминуваат.

    Инсталацијата е долга 120 метри, широка 20 метри и достигнува максимална височина од 18 метри. За јавноста ќе биде отворена на 6 јуни. Музиката за уметничкото дело е на панк-музичарот Томас Бангалтер.

    Проектот му оддава почит на уметничкиот тандем Кристо и Жан-Клод, кое стекна светска слава сo тоа што oбвиткуваше знаменитости со ткаенини и пластика.

    „Пештерата е нешто што го споделуваат сите култури. Таа претставува потекло, страв, непознатото, а можеби и утробата“, изјави Џеј-Ар, еден од најпознатите светски улични уметници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира