ИЗРАЕЛ Е ВО ВОЈНА СО ХЕЗБОЛАХ, ГИ ЗАСИЛУВАМЕ НАПАДИТЕ НИЗ ЛИБАН, КАЖА НЕТАНЈАХУ

    ИЗРАЕЛ Е ВО ВОЈНА СО ХЕЗБОЛАХ, ГИ ЗАСИЛУВАМЕ НАПАДИТЕ НИЗ ЛИБАН, КАЖА НЕТАНЈАХУОбјавата на Нетанјаху следува откако Либан и Израел го продолжија прекинот на огнот (Фото: ДПА)

    Израелската војска започна со нов бран напади низ Либан, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел ќе ги засили нападите против Хезболах. Израелските одбранбени сили кажаа дека го нападнале Хезболах во долината Бека на истокот и во други делови од Либан.

    Хезболах објави дека се одмаздил со десетици напади врз израелски воени мети.

    Порано овој месец, Либан и Израел го продолжија прекинот на огнот, но Нетанјаху синоќа објави дека Израел е во војна со Хезболах и дека на војската ѝ е наредено да ѝ зададе уништувачки удар на проиранската група.

    „Израелската воена офанзива против Хезболах елиминираше над 600 терористи. Но, она што сега се бара од нас е да ги зголемиме нападите и да го зголемиме интензитетот“, рече Нетанјаху.

    Официјални лица од Либан и Израел, кои немаат формални дипломатски односи, треба да одржат понатамошни преговори во Вашингтон следната недела. Либанскиот претседател Џозеф Аун побара целосно повлекување на Израел од јужен Либан.

    Откако беше потпишан договорот за прекин на огнот на 16 април, израелските напади во голема мера беа ограничени на југот на земјата, од каде што, според Израел, Хезболах лансира беспилотни летала и ракети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира