ПОЛСКИОТ АВТОР МАЌЕЈ КАВКА Е ДОБИТНИК НА ПОЧЕСНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ ВО ВЕЛЕС

    ПОЛСКИОТ АВТОР МАЌЕЈ КАВКА Е ДОБИТНИК НА ПОЧЕСНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ ВО ВЕЛЕС63. Рацинови средби кои годинава ќе се одржат на 15 и 16 јуни во Велес; - Бошевска, Колев и Мојсова-Чепишевска на денешната прес-конференција. (Фото: СДК.МК)

    Полскиот автор Маќеј Кавка е добитник на почесното Рациново признание за 2026, за афирмација и промоција на македонскиот јазик, литература и култура во странство. Тој е професор на Јагелонскиот универзитет во Краков. Признанието ќе му биде врачено на завршната вечер од 63. Рацинови средби кои годинава ќе се одржат на 15 и 16 јуни во Велес.

    За наградата Рациново признание годинава стигнале пријави за 25 книги, а за победникот ќе решава жирито кое ќе решава во состав Елизабета Шелева, Лорета Ѓорѓиевска-Јаковлева и Марија Ѓорѓиева-Димова.

    „Научното дело на Кавка создавано повеќе децении, претставува значаен придонес за проучувањето, афирмацијата и меѓународната видливост на македонскиот јазик, литературата и културата. Неговата академска биографија е поврзана со најважните полски научни центри, особено со Јагелонскиот универзитет во Краков, но и со македонската научна и културна средина, со која Кавка одржува трајни, плодни и длабоко посветени врски. Тој не ѝ пристапува на Македонија како на периферен предмет на славистички интерес, туку како на самостоен и богат научен простор во кој се вкрстуваат јазикот, историјата, литературата, културата, медиумите и колективната меморија. Неговата македонистичка работа се движи од контрастивни полско-македонски јазични студии, преку прашања поврзани со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик “, кажа проф. Весна Мојсовска-Чепишевска, членка на Организациониот одбор на манифестацијата.

    Со голем број статии објавени во Полска и во Македонија, Кавка придонесува македонскиот јазик и македонската култура да бидат претставени како значаен предмет на европската славистичка и лингвистичка мисла. Пишува за делата на Живко Чинго, Петре М. Андреевски и Марко Цепенков.

    „Главните настани се на 15 и 16 јуни кога со манифестации за поезијата му оддаваме почит на Кочо Рацин. Вкупниот буџет е над еден милион денари, обезбедени од Општина Велес и Министерството за култура“,  рече градоначалникот на Велес Марко Колев.

    „Програмата е богата, вклучува многу настани, поетски читања, промоции на книги, кои ќе се случвуаат на различни локации од Веелс. Очекуваме големо присуство од граѓаните на Велес, но и гости до Македонија. Секој е добредојден и Велес овие денови ќе пулсира за Рацин“, кажа Снежана Бошевска од  Организациониот одбор.

    На 11 јуни е Меѓународната научна конференција на тема „Рацин меѓу Мисирков, Андреевски, Стефановски и потоа…“ во организација на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. На 15 јуни од 20 часот во Велешкиот театар е свеченото отворање на 63. Рацинови средби, а Беседа за Рацин годинава ќе одржи академик Катица Ќулавкова. Потоа е портретот на добитникот на наградата Рациново признание и врачување на наградата. Од 20:30 чaсот е портретот на добитникот на наградата почесно Рациново признание и врачување на наградата. Потоа следи меѓународниот поетски митинг со што ќе заврши манифастцијата. Сите настани ќе се одржуваат во Амфитеатарот на Младинскиот парк.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира