ПОЧЕСЕН ОСКАР ЗА ГЛЕН КЛОУЗ И РИДЛИ СКОТ, ДОСЕГА НЕ ГО ДОБИЛЕ ИАКО ИМААТ ВКУПНО 12 НОМИНАЦИИ

    ПОЧЕСЕН ОСКАР ЗА ГЛЕН КЛОУЗ И РИДЛИ СКОТ, ДОСЕГА НЕ ГО ДОБИЛЕ ИАКО ИМААТ ВКУПНО 12 НОМИНАЦИИКлоуз има рекордни 8 номинации, а Скот 4, но никогаше не освоиле Оскар. (Фото: „Пипл“)

    Академијата за филмска уметност и наука ќе им додели почесни Оскари на актерката Глен Клоуз, режисерот Ридли Скот, на првиот црномурест аниматор на „Дизни“, Флојд Норман, како и на продуцентките Кристин Вашон и Памела Кофлер.

    Наградите ќе им бидат врачени на 17. издание на Гуверенерските награди на 15 ноември во Холивуд.

    За Клоуз и Скот, оваа награда претставува долгоочекувано признание од Академијата, која ги номинирала повеќепати, но никогаш не им доделила Оскар за улогите и филмовите. Клоуз има осум актерски номинации и ниту една победа, што ја изедначува со Питер О’Тул, по бројот на актерски номинации без освоен Оскар, што е рекорд во историјата на овие престижни награди.

    Скот има три номинации за режија и една номинација како продуцент за најдобар филм, но исто така никогаш не освоил Оскар,  и покрај тоа што неговиот „Гладијатор“ од 2000 година освои пет Оскари, меѓу кои за најдобар филм.

    „Управниот одбор на Академијата е воодушевен што годинава ќе ги додели Гувернерските награди на петмина извонредни личности чие револуционерно творештво трајно ја обликуваше уметноста на филмското создавање“, изјави претседателката на Академијата, Линет Хаувел Тејлор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира