Украински проектили „фламинго“ погодија фабрика што произведува артилериски системи и компоненти за ракетни лансери во рускиот регион Волгоград, изјави претседателот Володимир Зеленски.
„Нападите предизвикаа пожар во фабриката ‘Титан-Барикади‘“, напиша тој на Телеграм.
Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека беспилотни летала ја нападнале нафтената станица „Второво“ во рускиот регион Владимир по вторпат овој месец. Станицата е клучен логистички центар што се користи за испорака на нафтени производи до руските потрошувачи, но и за извоз, соопшти СБУ.
„Досегот на долгорочните санкции на Украина продолжува да се шири. Токму нашиот притисок, ден по ден, ги поставува темелите за достоинствен мир на крајот“, кажа Зеленски.
Тој пред неколку дека кажа дека наредил „40-дневна операција на притисок со цел да се принуди Русија да ја заврши војната“, откако мировните напори на САД не донесоа никаков пробив.



