Пуштени се во употреба семафорите кои ќе го регулираат сообраќајот на крстосниците на Широк Сокак кај хотелот „Епинал“ и Камен Мост во центарот на Битола. Крстосниците на кои имаше пешачки премини беа дел од пешачката зона, па минувачите секогаш имаа предлост, а зад нив се создаваа колони возила и тесни сообраќајни грла.
Со семеафорите ќе се регулира протокот на пешаци и возила. Сега продолжен е пешачкиот дел, односно со бела боја исцртани се пешачки острови како приоди до семафорите, а намален е коловозот за возила со тоа што остана по една лента од двете страни.
Реакциите во градот се поделени. Дел до граѓаните сметаат дека со ова ќе се воведе ред во сообраќајот кај хотелот „Епинал“, а други го критикуваат сообраќајното решение и сметаат дека естетски не се вклопува во изгледот на амбиенталната улица.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



