ТРАМП ЌЕ Ѝ ДОЗВОЛИ НА УКРАИНА ДА ПРОИЗВЕДУВА РАКЕТИ „ПАТРИОТ“

    ТРАМП ЌЕ Ѝ ДОЗВОЛИ НА УКРАИНА ДА ПРОИЗВЕДУВА РАКЕТИ „ПАТРИОТ“На самитот на НАТО Украина доби ветувања за воена помош од 140 милијарди евра за 2026 и 2027 (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп објави дека ќе ѝ даде на Украина право да произведува пресретнувачки ракети „Патриот“, што би можело да ѝ помогне да се одбрани од руските напади со балистички ракети.

    „Ќе ви дадеме лиценца за производство на Патриот‘. Мислам дека можат да ги произведат многу брзо откако ќе им објасниме“, му рече Трамп на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на самитот на НАТО во Анкара.

    Тој кажа дека сè уште не ги информирал производителите „Локид Мартин“ и „Рејтеон“ за својата одлука, но додаде дека „тоа ќе се среди“.

    „Патриот“ открива и пресретнува ракети и се смета за еден од најдобрите системи за воздушна одбрана во светот, но и најскапи: една батерија со ракети вреди околу една милијарда долари. Исто така, има долго време на производство, со само 600 ракети годишно, според Пентагон. САД не се подготвени да ги даваат од своите залихи, со оглед на тоа што искористија повеќе од половина за време на војната со Иран, според американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии.

    На Украина ѝ требаат веднаш. Во изминатите месеци, Русија ги засили нападите со балистички ракети и Зеленски смета дека тие се нејзината последна голема предност. Овие ракети патуваат со голема брзина и по стрмна патека, што го отежнува нивното запирање. По последниот голем руски напад врз Киев, украинската војска призна дека не соборила ниедна од 23-те лансирани балистички ракети.

    На самитот на НАТО Украина доби ветувања за воена помош од 140 милијарди евра за 2026 и 2027.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира