ПЕЈАЧКАТА БОНИ ТАЈЛЕР ПОЧИНА ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД ПРСНАТО СЛЕПО ЦРЕВО

    ПЕЈАЧКАТА БОНИ ТАЈЛЕР ПОЧИНА ПО КОМПЛИКАЦИИ ОД ПРСНАТО СЛЕПО ЦРЕВОТајлер го достигна својот комерцијален врв во првата половина на 1980-тите (Фото: АП)

    На 75 години почина британската пејачка Бони Тајлер, најпозната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“ и „Holding Out for a Hero“. Нејзиното семејство објави дека таа починала во болница во Португалија, каде што во мај беше подложена на итна операција на цревата и беше ставена во вештачка кома. Според британките медиуми, таа починала по двомесечни компликации кои следеле по прснато слепо црево.

    Родена како Гејнор Хопкинс во Велс, таа ја почнала музичката кариера пеејќи обработки во локални клубови, каде што била забележана од талент-скаут. Потоа потпишала договор за издавачката куќа „РЦА“ и го зела уметничкото име Бони Тајлер.

    Првиот сингл ѝ бил неуспешен, но вториот „Lost in France“ веднаш се пробил меѓу првите десет на британската топ-листа. По успешната операција на гласните жици, гласот ѝ станал уште порапав, што дошло до израз на нејзиниот прв голем меѓународен хит „It’s a Heartache“.

    Сакајќи да се префрли од кантри поп на рок музика, Тајлер почнала соработка со композиторот и продуцент Џин Стајнмен, што ѝ ги донесе најголемите хитови во кариерата, „Total Eclipse of the Heart“ и „Holding Out for a Hero“ од 1983 година, со кои го достигна својот комерцијален врв. Притоа доби три номинации за Греми за две години.

    Иако во 1990-тите веќе не беше успешна во Велика Британија и САД, Тајлер остана популарна во Западна Европа и продолжи да издава албуми, соработувајќи со германскиот продуцент Дитер Болен.

    Во 2013 ја претставуваше Велика Британија на Евровизија, но имаше слаб пласман. Последниот, 18. студиски албум го објави во 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира