30-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ГО УБИЛ ТАТКА СИ СО НАД 30 УБОДИ СО НОЖ

    30-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ГО УБИЛ ТАТКА СИ СО НАД 30 УБОДИ СО НОЖЈавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. (Фото: СДК.МК)

    Триесетгодишен скопјанец е сосомичен дека го убил татка си со над 30 убоди со нож. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривичното дело Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

    „Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место. Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот“, соопшти Обвинителството.

    Јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор заради негово обезбедување во текот на кривичната постапката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира