ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ПАУЗА ТРГНАА ПАТНИЧКИТЕ ВОЗОВИ КОН БИТОЛА, ПЛАДНЕВНИТЕ НЕ СООБРАЌААТ

    ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ПАУЗА ТРГНАА ПАТНИЧКИТЕ ВОЗОВИ КОН БИТОЛА, ПЛАДНЕВНИТЕ НЕ СООБРАЌААТПо македонксите пруги, освен кон Битола, возат и патнички возови кон Гевгелија и Куманово (Фото: СДК.МК)

    Од денеска тргнаа и патничките возови од и за Битола. Ќе сообраќаат два од трите предвидени со годишниот возен ред на Македонски железници.

    „По завршените работи на пругата Скопје-Битола-Жабени, во делот од станицата Бакарно Гумно до товариште Никола Карев, од 15 јули започнаа да сообраќаат патничките возови на релација Скопје-Битола и Битола-Скопје“, соопштија од  МЖ Инфраструктура.

    Во пракса ќе возат патничките возови кои од Скопје тргнуваат во  7:06 и 20:05 часот, а од Битола во 3:10 и 18:22 часот. Железничкиот сообраќај кон Битола беше во прекин од 22 јуни.

    По македонксите пруги, освен кон Битола, возат и патнички возови кон Гевгелија и Куманово, исклучиво во утринските и попладневните, вечерни часови. Пладневните возови кои сообраќаа кон Битола и Велес ги нема. Возовите кон Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира