ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА И ГРАД СКОПЈЕ НЕМААТ КАПАЦИТЕТ ДА ГО РЕШАТ РАСПУКАНИОТ ПАТ ВО ТЕФЕРИЧ, ЗАТОА ГО ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО, РЕЧЕ НИКОЛОСКИ

    ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА И ГРАД СКОПЈЕ НЕМААТ КАПАЦИТЕТ ДА ГО РЕШАТ РАСПУКАНИОТ ПАТ ВО ТЕФЕРИЧ, ЗАТОА ГО ПРЕЗЕМА МИНИСТЕРСТВОТО, РЕЧЕ НИКОЛОСКИГрадоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска и градоначалникот на Сопиште Јане Мицевски на увид на распуканиот пат во февруари.(Фото: Општина Кисела Вода)

    Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска најави дека Министерството ќе го санира распуканиот пат во Теферич. Николоски рече дека Општина Кисела Вода и Град Скопје немаат капацитет да решат едно вакво сериозно свчелиште и проблематиката е далеку од нивните можности.

    „Патот за Теферич е еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје. На седница на Влада донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт и врски. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам во најскоро можно време, а тоа е непосредно следната недела, да се распише тендер за избор на изведувач“, рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода.

    Патот во Теферич односно улицата Мариовска во должина од 70-на метри, во февруари распука на половина само пет месеци откако беше реконструиран и поставен нов асфалт. Патот сега е свлечиште и постои опасност целосно да се излизга и падне. Создадена е огромна дупка која од ден на ден станува поголема и патот пропаѓа надолу.

    Свлечиштетото се наоѓа на 200 метри воздушна линија односно на околу 85 метри висинска разлика над Домот за лекување зависности во Кисела Вода.

    Движењето е забрането за возила но, според сликата на лица место, не е безбедно ниту движење на пешаци. Овој пат го користат жителите во Сопиште, Горно и Долно Соње и е клучна делница за голем број население затоа што опслужува голем број возила кои редовно циркулираат одовде.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира