„ИНК“ НА ДЕНИ БОЈЛ ЗА МЕДИУМСКИОТ МОГУЛ МАРДОК ЌЕ ГО ОТВОРИ ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    „ИНК“ НА ДЕНИ БОЈЛ ЗА МЕДИУМСКИОТ МОГУЛ МАРДОК ЌЕ ГО ОТВОРИ ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛЏек О'Конел како Лери Лаем, уредникот на весникот „Сан“. (Фото: „СтудиоКанал)

    Филмот „Инк“ (Ink) на режисерот Дени Бојл, за подемот на медиумскиот магнат Руперт Мардок и уредникот на весникот „Сан“ Лери Лем, ќе го отвори Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. „Инк“ е филмска адаптација на драмата на Џејмс Греам, која го прикажува преземањето на дневниот весник „Сан“ од Мардок во 1969.

    Гај Пирс го игра ликот на Мардок, а Џек О’Конел го игра Лем во филмот што ја раскажува приказната за тоа како двајцата го претвориле весникот во највлијателниот британски таблоид. Во филмот игра и Клер Фој.

    „Многу пред ‘Фокс њуз’,  кликбејт-насловите и Трут соушал’, децении пред Твитер, Фејсбук, Гугл и Онлифенс, овие двајца создадоа нов таблоид кој, спротивно на сите очекувања, стана најпродаваниот весник во светот“, изјави оскаровецот Бојл и додаде дека весникот „го предизвика естаблишментот и го преобликува нашиот свет за модерната ера“.

    Бојл рече дека за него е огромна чест што неговиот филм е избран за отворање на фестивалот, додавајќи: „Многупати сум бил на Биеналето, но ова е моето прво учество на филмскиот фестивал.“

    „Инк“ ќе се конкуренцијата за Златен лав на 83. издание на фестивалот, кој започнува на 2 септември. Целосната листа на филмови што ќе се борат за престижниот Златен лав се очекува да биде објавена следната недела. Организаторите досега објавија дека холивудските актери Елен Берстин и Џорџ Клуни ќе добијат Златен лав за животно дело.

    Театарската претстава „Инк“ имаше премиера во Лондон во 2017,  а во 2019 беше поставена и на Бродвеј, каде што беше номинирана за повеќе награди Тони и освои неколку од нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира