ЕНДИ БЕРНАМ ИЗБРАН ЗА НОВ ЛИДЕР НА ЛАБУРИСТИТЕ, ЌЕ БИДЕ СЕДМИ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ВО 10 ГОДИНИ

    ЕНДИ БЕРНАМ ИЗБРАН ЗА НОВ ЛИДЕР НА ЛАБУРИСТИТЕ, ЌЕ БИДЕ СЕДМИ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ВО 10 ГОДИНИБернам беше поддржан од речиси сите лабуристички пратеници (Фото: ДПА)

    Енди Бернам на 20 јули ќе стане нов премиер на Велика Британија откако денеска беше избран за нов лидер на владејачката Лабуристичка партија. Тој ќе го наследи Кир Стармер на двете функции по неговата оставка минатиот месец.

    Педесет и шестгодишниот Бернам ќе биде седмиот британски премиер за десет години, што се случува во периодот на подем на популистичката партија Реформа на Најџел Фараж. Неговиот избор беше очекуван откако другите потенцијални кандидати рекоа минатата недела дека нема да го предизвикаат. Тој беше номиниран од 379-мина лабуристички пратеници од вкупно 403.

    Тој беше пратеник во британскиот парламент од 2001 до 2017, кога беше стана градоначалник на Манчестер, што му го донесе прекарот „кралот на северот“. За пратеник повторно беше избран минатиот месец, што му го отвори патот кон премиерската функција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира