АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО ИРАНСКИ НАПАДИ, ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ВОЈНАТА ОДИ ДОБРО

    АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО ИРАНСКИ НАПАДИ, ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ВОЈНАТА ОДИ ДОБРОМост во јужен Иран оштетен во американски напади (Фото: Гети)

    Американската војска го бомбардираше Иран седма ноќ по ред откако Доналд Трамп кажа дека привремениот договор за примирје е завршен. Централната команда на САД објави дека нејзините сили погодиле локации за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски капацитети, во што учествувале борбени авиони, дронови и воени бродови.

    Иран кажа дека возвратил со напади врз американските објекти во Кувајт и Јордан.

    Иранските власти кажаа дека од обновувањето на американските напади загинале десетици луѓе, а стотици се ранети, додека американската војска потврди дека се повредени 13-мина нејзини припадници.

    Војната оди добро. Победуваме наголемо во Иран и многу, многу наскоро ќе ги видите плодовите од тој труд“, рече Трамп.

    Вашингтон ги негираше тврдењата на Техеран дека САД вчера нападнале цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови, железничка станица и аеродром. Сепак, видеоснимки потврдија дека има оштетени мостови и патишта во јужен Иран.

    Сè додека не заврши агресијата на САД, нема да биде можно да се извезуваат хемиски ѓубрива или ни капка нафта и гас од регионот“, порача Иранската револуционерна гарда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира