ОД УЛИЦИТЕ НА УГАНДА ДО ФИНАЛЕ НА СП – ШАКИРА НАСТАПИ СО ТАНЧАРСКАТА СЕНЗАЦИЈА „ГЕТО КИДС“ НА МУЗИЧКОТО ШОУ НА ПОЛУВРЕМЕТО

    ОД УЛИЦИТЕ НА УГАНДА ДО ФИНАЛЕ НА СП – ШАКИРА НАСТАПИ СО ТАНЧАРСКАТА СЕНЗАЦИЈА „ГЕТО КИДС“ НА МУЗИЧКОТО ШОУ НА ПОЛУВРЕМЕТОШакира со децата од „Гето кидс“ (Фото: Фејсбук)

    Во многу нешта, ова беше поинакво светско првенство. Во тоа се вклопи и музичкото шоу на полувремето од финалниот меч Шпанија-Аргентина, што ФИФА првпат го воведе по примерот на американските професионални спортови. Поради тоа, паузата траеше 27 минути, 12 минути подолго од она што е дозволено со правилата на ФИФА.

    Пред почетокот на мечот пееја Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, Лаура Паузини и Пост Мелоун, а краток инспиративен говор одржа холивудската ѕвезда Том Круз. На полувремето настапија поп-ѕвездите Мадона, Шакира, Џастин Бибер и „Би-Ти-Ес“.

    Мадона со Роналдињо и Роналдо (Фото: АП)

    Посебно впечатлив беше настапот на Шакира, која во тандем со нигерискиот пејач Бурна Бој ја изведе официјалната песна на првенството, а ги придружуваше детската танчарска трупа од Уганда, „Гето кидс“.

    Таа започна како проект кој преку танцот охрабруваше напуштени, сиромашни и ранливи деца од улиците на Кампала да се занимаваат со уметност и потоа стана меѓународна сензација. Шакира отиде чекор подалеку и ги доведе децата на финалето на Светското првенство во Њу Џерси.

    Групата првпат привлече внимание со едно видео во 2014, а денес има девет милиони следбеници на Инстаграм и 13 милиони на ТикТок. Има добиено неколку меѓународни музички награди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира