СКАУТ ЗА МАНЕКЕНКИ КОЈ РЕГРУТИРАЛ ЖЕНИ ЗА ЕПСТИН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ФРАНЦИЈА

    СКАУТ ЗА МАНЕКЕНКИ КОЈ РЕГРУТИРАЛ ЖЕНИ ЗА ЕПСТИН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ФРАНЦИЈАДаниел Сијад бил под истрага на француските обвинители специјализирани за трговија со луѓе (Фото: Министерство за правда на САД)

    Скаут за манекенки кој регрутирал жени за сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстин е пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз, објавија француските власти. Отворена е истрага за да се утврди причината за смртта.

    Даниел Сијад (69) бил под истрага на француските обвинители специјализирани за трговија со луѓе и беше обвинет за силување и други кривични дела. Неговото име се појави во повеќе од 1.000 документи во досиејата за Епстин, кои Министерството за правда на САД ги отвори за јавност оваа година.

    Сијад бил еден од неколкутемина Французи обвинети дека му помагале на Епстин да тргува и злоупотребува жени. Тој ги негирал обвинувањата, велејќи дека сака да ја даде својата верзија на настаните.

    Сијад патувал низ целиот свет, посетувал села во Источна Европа и летал до Куба и Шведска, обидувајќи се да најде жени за работа во манекенската индустрија. Паралелно барал жени за Епстин. Тој ја споредил својата работа со риболов, објаснувајќи му на Епстин во е-пошта во 2014 дека е потребно трпение.

    „Понекогаш брзо ловам риба, понекогаш воопшто не“, рекол Сијад.

    Документите откриваат дека Сијад бил еден од најлојалните соработници на Епстин. Тој останал во чест контакт со него сè до неколку месеци пред смртта на финансиерот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира