СЕ ЕВАКУИРААТ ГРАДОВИ ПОКРАЈ МАДРИД ПОРАДИ ШУМСКИ ПОЖАРИ, ПРОГЛАСЕНА НАЦИОНАЛНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

    СЕ ЕВАКУИРААТ ГРАДОВИ ПОКРАЈ МАДРИД ПОРАДИ ШУМСКИ ПОЖАРИ, ПРОГЛАСЕНА НАЦИОНАЛНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБАДосега е наредена евакуација на повеќе од 40.000 луѓе (Фото: РТВЕ)

    Шпанските власти наредија евакуација на неколку помали града во близина на Мадрид, додека шумските пожари во регионот се зголемуваат и добиваат на интензитет. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка претходно прогласи национална вонредна состојба поради пожарите во соседните региони Мадрид и Авила.

    Досега е наредена евакуација на повеќе од 40.000 луѓе, откако трите пожари во градовите Виља дел Прадо и Сан Мартин де Валдеиглесијас се споија во еден голем. Во меѓувреме беше донесена одлука за евакуација на уште две гратчиња западно од Мадрид, каде што ситуацијата е најтешка.

    Изминатите 24 часа беа многу предизвикувачки поради силните ветрови. Ова е можеби најлошиот пожар во историјата на нашиот регион. Тоа е совршена бура од многу високи температури и непрекинати ветрови што не попуштаат“, изјави претседателката на Мадрид, Исабел Дијас Ајусо, додавајќи дека нема потешко повредени.

    Министерот Гранде-Марласка рече дека атмосферската ситуација е неповолна, па не можат да бидат оптимисти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира