ЕДЕН ЗАГИНАТ, 16 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ВОЗИЛО ВЛЕТА ВО ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН

    ЕДЕН ЗАГИНАТ, 16 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ВОЗИЛО ВЛЕТА ВО ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИНПолицијата објави дека идентификувала осомничен поврзан со исламистички кругови и дека трага по него за да го уапси. (Фото: AП)

    Едно лице загина, а 16 се повредени – некои од нив се во животно загрозувачка состојба – откако возило влета во толпа луѓе во близина на местото каде што синоќа се одржуваше парадата на гордоста во Берлин, по што полицијата започна потрага по напаѓачите. Неколку часа по овој напад, кој изгледа како намерен чин, многу детали сè уште беа нејасни, но полицијата соопшти дека возилото удрило во повеќе луѓе откако влетало во централниот градски парк Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта. Подоцна, полицијата објави дека идентификувала осомничен поврзан со исламистички кругови и дека трага по него за да го уапси.

    Берлинската полиција објави фотографија од осомничениот извршител на нападот. Во Берлин, властите започнаа потрага по 21-годишен осомничен – идентификуван само како Абдул Б. согласно германските закони за приватност – кој побегнал од местото на настанот откако во синоќа автомобил удрил во група луѓе во близина на паркот Тиргартен. Портпаролот на полицијата, Флоријан Нат, изјави дека осомничениот им бил познат на властите и се верува дека е дел од исламистичката сцена во Берлин. Според информациите на агенцијата ДПА, тој бил пуштен од поправен дом за млади во мај 2026 година.

    Во потерницата објавена рано утрово од Јавното обвинителство на Берлин и Државната криминалистичка полиција, јавноста се предупредува веднаш да го повика бројот 110 доколку го забележи осомничениот, кој е опишан како слаб и висок приближно 1,90 метри. „Не му приоѓајте, може да биде вооружен и опасен!“, се наведува во соопштението.

    Според полицијата, бело комбе удрило во неколку лица во близина на Парадата на гордоста во паркот Тиргартен околу 22:00 часот, што ги натерало организаторите да ги откажат прославите. Потоа возилото удрило во дрво, а возачот побегнал, соопшти полицијата. Мотивот останува нејасен. Исто така, не е јасно дали осомничениот го возел возилото. Празното возило, за кое Нат рече дека е тешко оштетено, било одземено во близина на местото на инцидентот.

    Нат изјави дека истражителите исто така испитуваат дали имало втора фаза од инцидентот откако автомобилот удрил во луѓето, вклучително и дали некој излегол од возилото и нападнал луѓе со можно ладно оружје. Според сведоштва на очевидци, можно е неколку лица да добиле убодни рани, додека некои изјавиле дека виделе маж облечен во црно како носи мачета.

    Стотици илјади луѓе се собраа во германскиот главен град во саботата за да ја прослават Парадата на гордоста. Организаторите изјавија дека маршот имал за цел да испрати порака за демократија, толеранција и различност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира