4 ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ОСКАРОВЕЦОТ ЏАРЕД ЛЕТО ЗА СЕКУСАЛНИ НАПАДИ ДОДЕКА БИЛЕ МАЛОЛЕТНИ, ОБЈАВИ „БИ-БИ-СИ“ ВО ДОКУМЕНТАРЕЦ

    4 ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ОСКАРОВЕЦОТ ЏАРЕД ЛЕТО ЗА СЕКУСАЛНИ НАПАДИ ДОДЕКА БИЛЕ МАЛОЛЕТНИ, ОБЈАВИ „БИ-БИ-СИ“ ВО ДОКУМЕНТАРЕЦПо објавувањето на приказната, Лето преку своите претставници испрати изјава до редакцијата во која вели: „Никогаш во животот не сум извршил сексуален напад врз никого. Овие тврдења се апсолутно и категорично лажни“. (Фото: Гети)

    Четири жени го обвинија оскаровецот и фронтмен на групата „30 секунди до Марс“ (Thirty Seconds to Mars), Џаред Лето, за кривично дело од сексуална природа, при што наводните инциденти се случиле додека тие биле тинејџерки, објави „Би-Би-Си“ во докуманетарен филм „Џаред Лето- мрачната тајна на Холивуд“.

    Една од жените тврди дека била сексуално нападната во бања од мотел кога имала 17 години. Друга вели дека Лето  ѝ се заканувал со сексуален напад кога имала 19 години, откако неочекувано останала сама со него во хотелска соба.

    Трета жена опишува како имала сексуален однос со ѕвездата во Калифорнија додека била малолетна, на 17-годишна возраст, што според тамошните закони се класифицира како силување (поради возраста на жртвата). Таа наведува дека Лето го игнорирал разговорот за тоа дека законската граница за согласност во таа американска сојузна држава е 18 години.

    Четвртата жена опишува како Лето ја подготвувал за сексуален однос, наведувајќи дека тој ја злоупотребил својата слава и ѝ упатувал повеќекратни телефонски повици со сексуална содржина додека таа имала 16 години. Таа тврди дека, во најмалку еден случај, тој предложил да имаат сексуален однос.

    Подоцна ѝ бил испратен да потпише договор за доверливост (NDA), во кој „Би-Би-Си“ имал увид, за да се спречи таа да зборува за својот однос со Лето. Сепак, таа одбила да го потпише. Уште четири жени тврдат дека добивале чудни, а често и експлицитно сексуални телефонски повици од Лето додека биле помлади.

    „Би-Би-Си“ вели дека ги потврдиле наводите на дел од жените преку разговори со пријатели и членови на семејството, на кои им било раскажано за средбите со Лето во тоа време. Во некои случаи, виделе и фотографии и пораки што ги поткрепуваат тврдењата на жените. (Фото: „Би-Би-Си“)

    Друга жена раскажува дека, кога имала 14 години, тој му наредил на еден од обезбедувањето да ја одведе зад сцената на музички фестивал, откако претходно упатил непристоен коментар за нејзините гради додека делел автограми. Мајката на девојчето се соочила со Лето, но тој, наводно, го повторил коментарот.

    Вкупно 10 жени зборуваат во документарниот филм, при што девет од нив првпат јавно ги споделија своите приказни. Сите жени велат дека имале средби со Лето во периодот меѓу 2002 и 2016, кога тој бил во своите триесетти и четириесетти години. Тој сега има 54 години.

    „Тоа беше пред 25 години, тој помина неказнето“, вели една од жените. „Би-Би-Си“ вели дека ги потврдиле наводите на дел од жените преку разговори со пријатели и членови на семејството, на кои им било раскажано за средбите со Лето во тоа време. Во некои случаи, виделе и фотографии и пораки што ги поткрепуваат тврдењата на жените.

    Двајца мажи кои со години работеле со бендот на Лето, исто така, за документарниот филм раскажаа колку непријатно се чувствувале вработените поради начинот на кој Лето комуницирал со тинејџерки, понекогаш канејќи ги зад сцената во својата гардероба или во куќата каде што снимал.

    „Мислам дека сите сметаа оти разликата во години е преголема“, вели еден од нив.

    И покрај повеќекратните обиди за контакт пред објавувањето на приказната, Лето не одговорил на наводите што му ги предочил „Би-Би-Си“. По објавувањето на приказната, Лето преку своите претставници испрати изјава до редакцијата во која вели: „Никогаш во животот не сум извршил сексуален напад врз никого. Овие тврдења се апсолутно и категорично лажни“.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира