Работна група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, излезе со предлог имиња на уште 145 улици во Тетово. Но, и оваа листа, како и претходната во која беа предложени 78 имиња на улици, предизвикува револт.
На предлозите најостро реагира Сојузот на борците од Тетово, кој во две соопштенија посочува дека во предлозите за нови имиња на улиците на Тетово има и такви личности кои биле соработници на фашистичкиот окупатор, лица кои отворено се бореле против уставното уредување во тогашна Југославија, а со тоа и против Македонија. Има имиња на албански националисти, како и на неколку верски службеници-оџи, но и на лица од албанска националност кои немаат никаква врска со историјата на Тетово или пак нешто придонеле за развојот на градот.
Меѓу тие имиња се најде и името на Фадил Сулејмани, лицето кое го формира нелегалниот Тетовски Универзитет и кој во едно интервју дадено во Софија, отворено го негирал постоењето на македонската нација велејќи дека сите Македонци се Бугари, а Македонија е вештачка држава.
- УСТАВНИОТ СУД ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ ВО ТЕТОВО
- СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА КОМИСИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ
Од Сојузот на борците велат дека поради ваквите изјави предлогот Фадил Сулејмани да добие улица со негово име спротивен на чл. 6 од Законот бидејќи со истото се навредуваат чувствата на граѓаните, се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал.
„Да именувате улица со име на човек кој го негира постоењето на државата и посебноста на народот, е чин против државата, без преседан во светот“, се вели во соопштението од Сојузот на Борци од Тетово.
- КАСАМИ ЗА 4 АПРИЛ НАЈАВИ ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОМЕНА НА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ, СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД ТЕТОВО АПЕЛИРА ЗА БОЈКОТ
- ТЕТОВСКИОТ СОЈУЗ НА БОРЦИТЕ ОД НОБ ГО ПРЕДУПРЕДИ КАСАМИ ДА НЕ ГИ ЧЕПКА ИМИЊАТА НА АНТИФАШИСТИТЕ ОД УЛИЦИТЕ ВО ТЕТОВО
З. АНДОНОВ



