ИЗБИ ПОЖАР МЕЃУ ВОДОЧА И БАНИЦА, СТРУМИЧКО, ИЗГОРЕА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ДОЛГОГОДИШНИ НАСАДИ

    ИЗБИ ПОЖАР МЕЃУ ВОДОЧА И БАНИЦА, СТРУМИЧКО, ИЗГОРЕА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА И ДОЛГОГОДИШНИ НАСАДИИзгореа повеќегодишни земјоделски насади и земјоделска механизација, но пожарникарите не дозволија да бидат зафатени куќи. (Фото:СДК.МК)

    В сабота попладне изби пожар во атарите на струмичките села Водоча и Баница. Изгореа помошни објекти кои дел се користеле и како викендички, долгогодишни насади, камионска приколка, земјоделска механизација и друго. Од ветрот пожарот се разви во месноста Софилар,  месноста кон која последниве години се шири градот Струмица.

    Гореа повеќе хектари со сува вегетација меѓу населените места Баница, Водоча и градот, а кои пред десетина години се обработуваа.

    Заради големината на пожарот, освен струмичките пожарникари, во гаснењето се вклучија и екипи од Валандово, Радовиш и членови на доброволните друштва Струмица и Василево. Освен професионалните противпожарни бригади, во гаснењето беа вклучени и вработени во ЈПКД Комуналец и општински други институции, како и голем број месно население.

    Пожарникарите не дозволија да бидат зафатени првите куќи од Струмица.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира