ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ АКТЕР ТИМ КАРИ, ЅВЕЗДАТА НА „РОКИ ХОРОР ШОУ“

    ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ АКТЕР ТИМ КАРИ, ЅВЕЗДАТА НА „РОКИ ХОРОР ШОУ“Кари страдаше од сериозни здравствени проблеми откако доживеа мозочен удар во 2012 (Фото: Гети)

    Тим Кари, карактерниот британски актер кој се прослави во претставата „Роки хорор шоу“ и нејзината филмска верзија, почина во Лос Анџелес на 80 години. Причината за смртта не е објавена, но познато е дека Кари страдаше од сериозни здравствени проблеми откако доживеа мозочен удар во 2012.

    Иако имаше актерска кариера од речиси шест децении, таа остана обележана со улогата на д-р Френк Н. Фуртер, „слаткиот травестит од транссексуалната Трансилванија“ во музичката комедија на Ричард О’Брајан.

    Кари првично го оживеа ликот на сцената во Лондон, го донесе во театрите во Лос Анџелес и Њујорк, а потоа го пренесе и во филмската адаптација на Џим Шарман од 1975 година. Филмот не беше успешен, но со тек на време се стекна со култен статус.

    На врвот на популарноста на „Роки шоу“ кон крајот на 1970-тите, Кари потпиша договор со „Еј енд Ем рекордс“ и сними три рок албуми.

    Пред да се прослави со „Роки шоу“, Кари веќе имаше богато искуство во театар, вклучувајќи мјузикли. Наспроти ова, никогаш не достигна филмска слава соодветна на неговите таленти, иако оствари незаборавни улоги во мјузиклот „Ени“, култниот хорор „Тоа“, Тројцата мускетари“ и во комедијата „Сам дома 2“.

    И покрај нарушеното здравје, продолжи да работи до крајот на животот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира