Се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на Водно. Станува збор за автобус од линијата 25, која сообраќа до Средно Водно.
„Во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП. Скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат. Засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација“, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.
Директорот на ЈСП „Скопје“, Саше Илиевски, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека според првичните информации што ги има, во автобусот немало патници.
А. АНТЕВСКА



