ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ ПИСАТЕЛ СЛОБОДАН ШНАЈДЕР

    ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ ПИСАТЕЛ СЛОБОДАН ШНАЈДЕРШнајдер беше еден од најпознатите драмски автори во регионот (Фото: Фејсбук)

    На 79 години почина Слободан Шнајдер, еден од најзначајните хрватски писатели, публицисти и интелектуалци.

    Роден во Загреб во 1948, Шнајдер беше коосновач и долгогодишен уредник на театарското списание „Пролог“, а во 1980-тите почна да објавува драми, есеи и проза.

    Во своите драмски дела често се занимаваше со историски, политички и општествени теми, како и со односот на поединецот со идеолошките системи. Неговите дела се изведувани и во странство, особено во Германија и Австрија. Меѓу другите, ги напишал драмите „Хрватскиот Фауст“, „Баухаус“, „Инес и Дениз“, „Петто евангелие“ и „Енциклопедија на изгубеното време“.

    Во подоцнежната фаза од творењето објавуваше и романи, а пишуваше и колумни и есеистички текстови, кои се собрани во неколку книги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира